Еден турски опозициски пратеник е хоспитализиран по тепачката во парламентот, која се случи за време на жестоките дебати за буџетот за следната година, објавија водечките локални и глобални медиуми, вклучително АФП, Асошиетед прес, Еуроњуз и други.
Хусеин Орс, пратеник од североисточниот регион на Црното Море Трабзон, наводно бил погоден во главата и пренесен на интензивна нега. Според пишувањата на медиумите, тој бил удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.Од партијата се уште не ја коментираат информацијата, пренесува Фокус.
„Откривме дека неговата состојба се влошила по ударот во главата… Во болницата е извршена срцева дефибрилација“, изјави Ејлин Чесур, сопартиец на Орс од Партијата на доброто.
Снимките на социјалните мрежи го покажуваат скандалот меѓу пратениците на АКП и опозицијата за време на тензичната дебата за буџетот за 2023 година.
Приватната новинска агенција DHA објави дека Орс страда од проблеми со срцето и дека е ставен на интензивна нега како мерка на претпазливост.
„Ова е ден на срам за турскиот парламент и за оние кои го извршија овој напад“, рече портпаролот на партијата Курсат Зорлу.
https://twitter.com/ingles_bulldog/status/1600153925440589827?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1600153925440589827%7Ctwgr%5E9346be2c5ef877582bff08f0f1ab3d5aa0e118cb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.dnes.bg%2Fnotifikacii%2F2022%2F12%2F07%2Fboi-v-parlamenta-v-turciia-deputat-e-v-intenzivno.553042