На плоштадот Венеција во Рим беа запалени светилките на официјалната елка на италијанската престолнина, објавија италијанските изданија.
Светлата на елката ќе се напојуваат со фотоволтаични панели и литиум-јонски батерии. Целта ќе биде да се заштеди енергија, со очекување дека ќе се заштедат 27 kWh дневно. Покрај тоа, емисијата на јаглерод диоксид ќе се намали за 17,55 килограми дневно.
Паралелно со светилките на главната римска елка беа запалени и светилките на главната шопинг улица „Корсо“, а годинава украсувањето таму беше инспирирано од темата мир.
А на својата Фејсбук страница италијанскиот премиер Џорџија Мелони објави фотографија на која заедно со ќерката Гиневра ја украсува елката во својот дом.