Балкан

Вучиќ: Србија сака да распореди војници и полицајци на Косово

Вучиќ: Србија сака да распореди војници и полицајци на Косово

Српскиот претседател му пиша на командантот на НАТО по денешните судири меѓу косовските Срби и косовските власти

Србија ќе побара од мировните сили на НАТО да и дозволат распоредување на српски војници и полицајци на Косово, иако смета дека нејзиното барање најверојатно нема да биде исполнето, изјави претседателот Александар Вучиќ, цитиран од светските агенции и БТА.

Вучиќ барањето ќе го упати во писмо до командантот на силите на НАТО.

Изјавата на претседателот дојде по серијата инциденти меѓу косовските власти и Србите, кои се мнозинство во северните региони на Косово.

Белград најпрво побара распоредување на војници на Косово според условите на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која заврши војната 1998-1999. Потоа НАТО интервенираше против Србија за да го заштити Косово, каде албанското население е мнозинство.

Во резолуцијата се вели дека Србија може да распореди до 1.000 воени, полициски и царински службеници на православните верски објекти, областите со српско мнозинство и граничните пунктови, доколку таквото распоредување биде одобрено од командантот на КФОР.

Во времето кога ова беше одобрено, Косово беше меѓународно признаено како дел од Србија. Со западна поддршка во 2008 година, Косово прогласи независност од Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни