Автобусот кој излета во провалија кај Свиленград сообраќал од Кавала кон Бургас. Вака за БТВ изјави Бојко Рановски од Извршната агенција „Автомобилска управа“.
Според првичните податоци во него имало 43 патници. 18 се повредени, има една жртва.
Рановски објасни дека фирмата што го врши транспортот е од Бургас, и истата има лиценца.
Според првичните податоци несреќата се случила на влажен коловоз. Алко-тестот на возачите бил негативен, појасни тој.