Дописникот на РТС јавува дека ноќта поминала мирно на северот на Косово и Метохија, но дека северот на покраината се уште е блокиран и од полицијата и од граѓаните.
Иако на барикадите е мирно, тензиите се високи, а граѓаните се загрижени.
Северот на Косово се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. Србите протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.
Косовската полиција забрани минување и на возила и на пешаци на административните премини Јариње и Брњак. Членовите на Росу, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднаа во зградата на големата брана на езерото Газиводе . Тие го бркале работникот што го затекнале надвор од објектот и ги искинале и исекле српските знамиња што се таму.