Балкан

Вооружен маж ограбил 8 продавници за само 30 минути во Солун

Вооружен маж ограбил 8 продавници за само 30 минути во Солун

23-годишен маж  синоќа за половина час  ограбил 8 продавници во Солун, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој постави рекорд од 11 вооружени грабежи за само една ноќ во различни населби во градот.

Мажот синоќа околу 20 часот ги започнал грабежите.

Меѓу жртвите има четири аптеки, минимаркет, две локации на грчката лотарија.

Првично ограбил четири предмети во квартот Амбелокипи, кој се наоѓа во западниот дел на Солун , а еден час подоцна, младиот човек веќе бил во областа Каламарија во југоисточниот дел на градот.

Насилникот бил приведен од грчката полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни