Како што јавува репортер на ТВ21, двајцата осудени Мијалков и Ибраими за случајот „Титаник 2“ денеска околу 16 часот од гаражите на Кривичниот суд со силно полициско обезбедување се упатени кон затворот Шутка.
За сега сè уште не се пристигнати двете комбиња во затворот во Шуто Оризари, а репортерот на ТВ21 од пред затворот вели дека пристигнал само директорот на затворот Ѓоко Котевски. Пред затворот е забележан е и синот на Мијалков кој се наоѓа на неколку метри пред затворот во автомобил.
Мијалков и Ибраими ќе бидат сместени во хашка соба во затворот, а имаат и право да бараат промена на локацијата.