Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук напиша дека е за европски вредности и интеграција на Македонија во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук напиша дека е за европски вредности и интеграција на Македонија во ЕУ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на изненадување на многумина попладнево на својата официјална Фејсбук страница сподели линк од песната „Insieme“ односно „Заедно“ преработена на македонски јазик.

Над објавата од партијата напишаа: „ВМРО-ДПМНЕ со свој придонес кон иницијативата за општествено и политичко обединување за европски вредности и интеграција во ЕУ“.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која изминатиот период им наложи на своите пратеници во Собранието да потпишат дека нема да гласаат за уставни измени, кои пак се клучни за продолжување на патот кон Европската унија.

Дали партијата сепак се премисли и повторно како и за Преспанскиот договор ќе даде и овој пат поддршка за промена на Уставот, во моментов не е јасно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни