Македонија

И оваа зима дишеме отров, наместо воздух!

И оваа зима дишеме отров, наместо воздух!

За загадувањето на воздухот поретко се зборува за разлика од претходните години во истиот период. Сепак, не значи тоа дека го нема и дека не се чувствува, како што велат некои од граѓаните. Со 138 ПМ-10 честички, Скопје денеска е најзагаден град во земјава, веднаш по него Кавадарци со 124, а на трето место е Гостивар со 122 ПМ-честички. Најголемо е загадувањето од 21 до 23 часот.

Граѓаните потврдуваат во кои термини најмногу се жалат на квалитетот на воздухот. Од „Скопје хуман град“ прстот го насочија во индустријата, како најголем загадувач.

На прашањето до Државниот инспекторат, колку контроли се извршени и дали е утврдено загадување велат:

„Од државните инспектори за животна средина во Скопје, во последните три месеци не се санкционирани правни субјекти кои се под наш инспекциски надзор, поради тоа што при инспекциските постапки не биле утврдени законски повреди. Правните субјекти кои се носители на А-интегрирани еколошки дозволи во Скопје, како што се ЕСМ – топланите Запад и Исток, ЕСМ – Енергетика во комплексот Железарница, потоа Цементарница Усје, Макстил, Асфалтна база на ЈП Улици и патишта, Либерти Македонија согласно со плановите редовно се проверуваат.“

Минатиот месец Скопје беше рангирано на 10-то место на листата на најзагадени градови во светот. Во соседството, Белград беше петти, Софија осма.

Александра Велинова | МРТ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни