Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ тврди дека нема причина да стравува од евентуално апсење, бидејќи, како што вели, не потпишувал документи и не преземал активности поврзани со пари. Тој смета дека против него не може да се најдат докази за незаконско постапување.
Ова Вучиќ го изјави во гостување на телевизијата „Пинк“, каде што зборуваше за можноста да биде предмет на истрага и евентуално да се соочи со апсење.
„Јас не потпишувам ништо и не правам ништо што вклучува пари, така што во тој поглед не може да се најде ништо. Не знам дали ме разбирате. Можете да истражувате дали тој [Вучиќ] му рекол нешто некому – но тоа се само празни муабети, целосно губење време. Тие немаат ништо“, изјави Вучиќ.
Поранешниот српски претседател порача дека, според него, не постои ништо врз основа на што би можело да се покрене постапка против него.