Македонија

Од март минималната плата во Македонија ќе биде речиси 20.000 денари

Од март минималната плата во Македонија ќе биде речиси 20.000 денари

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.

Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.

– Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни