Во текот на ноќта беше претежно ведро и студено, утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Дува слаб ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
МОМЕНТАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-7 Берово, -5 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Демир Капија, -4 Тетово, Штип, Гевгелија, -3 Прилеп, Крушево, Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Лазарополе, Виница, Претор, Дојран, -1 Охрид.