Габриел Ескобар, заменик помошникот државен секретар на САД, смета дека сите земји од Западен Балкан биле свесни дека иднината им е во ЕУ.
Во интервју за Атлантскиот совет дадено на почетокот од месецот, Ескобар зборува за предизвиците со кои ќе се соочи регионот и за тоа како може САД да им помогне на земјите да се вратат на вистинскиот пат. Според него, Македонија е пример за тоа како се справила со сите предизвици, мислејќи на бугарското вето и барањата кои ги има Бугарија да се отвори Уставот.
„Северна Македонија со кандидатурата е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регионот во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како добар пример за сите држави кои се соочуваат со истите прашања“, изјави Ескобар.
„Дополнително, тие сторија се, ги исполнија сите реформи за да се отвори првата врата од пристапните преговори. Затоа верувам дека оваа влада има волја, дека луѓето од Северна Македонија го имаат капацитетот за да го сторат она што треба да станат полноправна членка на ЕУ“, дополни Ескобар.