Македонија

Двајца повредени во масовна тепачка во Тетово

Вчера ( 10 март ) околу 16 часот и 40 минути, пријавено е дека во двор на основно училиште во Тетово се случила физичка пресметка  во која учествувале: 17-годишник и К.К.(18), двајцата од тетовското село Вешала, од една и В.М.(20), И.М.(24) од Тетово и А.И.(19) од тетовското село Сараќино, од другата страна.

17-годишникот со остар предмет на В.М. и И.М. им нанел убодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде им била укажана лекарска помош.

Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и лишен е од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни