Од СВР Тетово денеска на прес конференција посочија дека во врска со случајот со 16 годишното момче кое вчера беше мртво извлечено од водите на реката Пена кај Тетово, вчера во полициска станица била повикана 17-годишна девојка.
Истата во текот на службен разговор признала дека таа е извршител на ова кривично дело.
Исто така, во присуство на социјален работник, медицинско лице извршен бил разговор и со друг малолетник, кој по извршен службен разговор бил пуштен на слобода.
Инаку, верзијата според која работи Обвинителството е дека девојката го удрила со тврд предмет, а потоа го турнала во реката.