Македонија

76 години од депортирањето на Евреите – изложба со фотографии од жртвите во Холокаустот

Држат во раце рамки со фотографии. Овде се пријавени 7.144 Евреи од Македонија кои пред 76 години беа депортирани во кампот на смртта, Треблинка. Некои рамки останаа празни во спомен на непознатите Евреи. Некои имаа огледало за секој да може да се идентификува и да се потсети на оние кои ги нема веќе.

По повод 76 годишнината од протерувањето на 7.144 македонски Евреи во кампот на смртта, Треблинка, денеска беше отворена постојана изложба во Музејот на Холокаустот на Евреите во Македонија, како соработка меѓу Владата на Македонија и Еврејската Асоцијација.

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, биле уапсени речиси сите Евреи од Македонија и биле испратени во Тутунскиот комбинат кој во тоа време бил претворен во концентрационен логор. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски власти, уапсени биле 7.144 Евреи кои потоа биле испратени во фашистичките логори.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни