Македонија

Спасовски останува министер за внатрешни работи

Оливер Спасовски останува министер за внатрешни работи. Интерпелацијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ до Собрание вечерва со 59 гласови „против“, 20 „за“ и 10 воздражани не помина на пленарната седница.

„Уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР. Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДСМ да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата, изјави Мицевски.

По што министерот Спасовски демантирајќи ги наводите потсети на неговата претходничка.

„Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила“, порача Спасовски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни