Македонија

Јаболката кои ги добиваат македонските ученици имаат пестициди, но во дозволена граница

Јаболката кои ги добиваат македонските ученици имаат пестициди, но во дозволена граница

„Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“, вели народната поговорка. Но дали е така кога се работи за јаболко во кое има остатоци од неколку видови пестициди? Изјавите за квалитетот на македонските јаболка одат од една до друга крајност – од најздрави, до најштетни, па затоа РСЕ на терен провери какви се јаболката кои ги јадат македонските граѓани, истражува РСЕ.

Во Државната фитосанитарна лабораторија, на Земјоделскиот институт, однесовме три примероци јаболка за да ги испитаме дали, два месеци по бербата, во нив има пестициди.

Пестицидите инаку се хемиски супстанции кои се користат за превенција, уништување, спречување или намалување на количеството штетници кај растенијата. Остатоци од нив може да се најдат и во плодовите кои секојдневно ги консумираме.

Последниот примерок го зедовме од јаболката кои преку Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година им се делеа на основците. Со програмата, до 15 декември секој ученик доби за дома по 4 килограми домашни, македонски јаболка, со цел да му бидат здрава ужинка.

Читај повеќе на РСЕ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни