Силно полициско обезбедување низ пазари, молови, гаражи низ Скопје можеше да се забележи денеска. Граѓаните бараа информација повеќе дали станува збор за повторно дојави за поставени експлозивни направи.
Оваа акција претходно не беше најавена од страна на Министерството за внатрешни работи, а дел од фотографиите како ексклузивни ги објавија во исто време интернет портали блиски со владеачката партија.
До овој момент нема информација од МВР за каква точно акција станува збор.