Вечерва по 20 часот пријавен е голем пожар во термо електраната Осломеј кај Кичево, дознава ексклузивно 4NEWS.mk
Според привичните информации, пријавата пристигнала во 20 часот и 15 минути, при што на терен веднаш интервенирале екипи на протипожарната единица од Кичево.
Интервенцијата траела од 20:15 до полноќ.
5 пожарникари и 2 против пожарни возила интерневирале во просториите каде што биле сместени турбините.
Како што дознава 4NEWS.mk со ова загрозено е и домашното производство на електрична енергија. Дел од граѓаните до нашата редакција вечерва реагираа дека во Кичево е високо нивото на загаден воздух, но мерната станица во моментов не испраќа податоци за да може да се провери квалитетот на воздухот.
Од Центарот за управување со кризи ја потврдуваат интервенцијата и најавуваат повеќе детали во текот на утрото.
Во моментов нема реакција од Електрани на Северна Македонија.