Македонија

Распишан јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.

Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со 30.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Барање:
www.skopje.gov.mk/…/Барање%20за%20субвенции%20за%20велосипе…

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни