Голема акција на Министерството за внатрешни работи и ОЈО за гонење на организиран криминал на граничниот премин „Табановце“.
Според информации на 4news.mk, акцијата била поради поткуп и мито на цариници, а приведени биле и полициски службеници.
Токму поради оваа акција, на граничниот премин се создадоа големи колони од возила кои три часа чекаат за да влезат во државата.
4news.mk вечерва го посети граничниот премин Табановце каде може да се забележи дека во моментов се пропуштаат возила.