Македонија

Кацарска до Поповски: Пренесете ѝ на сопругата да не ургира кај моите пријатели

Денеска почна новото судење за предметот „Триста“ на СЈО, кој се однесува за нававката на автомобилите „шкоди“ за потребите на полицијата. Почетокот беше интересен, со оглед дека судијата Добрила Кацарска на обвинетиот Ѓоко Поповски, му порача да не „фаќа врски“ затоа што кај нејзе не може никој да ургира за пресува.

„Да ѝ пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда“, рече Кацарска.

Поранешниот министер за јавни набавки Поповски истакна дека не е виновен, и дека тоа ќе било докажано заедно со неговите бранители. Напротив, дека направил голема заштеда, а не злоупотреба на службената положба.

Апелацискиот суд во Скопје ѝ ја укина пресудата на судијката Добрила Кацарска, која првично го осуди Поповски на казна затвор во времетраење од 9 години. По одлуката на второстепениот суд, Поповски беше префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“ бидејќи му беше определен притвор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни