Емрах Јусуфовски утрово во 9 часот и 32 минути го испраќа сигналот до повеќе основни училишта низ Македонија дека има поставено експлозна направа во објектот.
„Бомбата е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо! Ќе има жртви, НЕ МЕ ПРАШУВАЈТЕ НИШТО ги избришав сите докази, ништо нема да признаам ова е поздрав од мене хохо“, пишува во е-маил пораката до која дојде 4NEWS.mk
Пораката е напишана на латиница, со лош и нелитературен македонски јазик.
На крајот има и поздрав од Дедо Мраз и неговите препознатливи зборови: „Хо, хо“.
Кој си игра со нервите и кој сее страв речиси секој ден во Македонија и натаму останува ингма. МВР досега поднесе само две кривични пријави за двајца малолетници кои наводно испраќале мејлови со закани за бомби. И двајцата ќе се гонат за кривично дело Тероризам.