Од денеска (27 декември) започнува исплатата на декемвриските пензии.
Пензионерите кои поседуваат картички може да располагаат со пензии преку мрежата на банкомати, додека пак оние кои не користат картички, ќе можат да ги подигнат во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).