Македонија

Шахпаска: Иванов го завршува мандатот онака како што го тераше, на штета на граѓаните

Пратеничката од редовите на СДСМ Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција го искажа својот став околу одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да потпише 11 укази за закони поради тоа што на нив стоело името Северна Македонија.

„Иванов го завршува мандатот онака како што го тераше во изминатите десет години. На штета на граѓаните, на реформите, против напредокот. Реформските закони се исклучително важни за граѓаните за Република Северна Македонија меѓутоа и за самата држава. Иванов делува спротивно од интересот на гаѓаните, меѓутоа нема да го стопира напредокот и реформите во нашата држава. Согласно Деловникот одговорен за процедурите во Собранието на Република Северна Македонија е Претседателот на Собранието и тој согласно тоа ќе постапи и ќе ги преземе надлежностите кои му се дадени со Закон.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни