Македонија

По семејни недоразбирања, 20-годишник исчезна од својот дом

Полицијата трага по 20-годишно лице, кое вчера било пријавено како исчезнато од страна на својот татко. Имено, сето тоа се случило по семејни недоразбирања, по што синот се решил да го напушти домот, и не се вратил.

„На  11.03.2019 во 21.30 часот во Полициската станица Чаир, Ј.Д.(46) од Скопје пријавил дека по семејни недоразбирања, од домот се оддалечил неговиот син Б.Д.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни