Македонија

Нема да има „јазична полиција“, придавката „македонски“ само во етнички контекст

Приватниот сектор, граѓанските здруженија, политичките партии, немаат обврска да прават било какви промени во имињата по промената на уставното име на државата.

Договорот од Преспа и промените кои ги предвидува се однесуваат само на државните институции. Придавката „македонски“ во официјална комуникација, институциите не можат да ја користат, согласно Договорот од Преспа, информираат од Владата.

Тоа значи дека не може да се користат термините „македонска влада“, „македонски претседател“, „македонско собрание“ и слично. Медиумите во државава треба да го употребуваат новото име и термините согласно уставните промени, но сепак нема да има „јазична полиција“ која би го контролирала сето тоа, односно не е задолжително.

Придавката „македонски“ може да се користи само кога се мисли на етничките Македонци, односно нивниот јазик, култура, традиција, музика. Од владата информираат дека се уште се дебатира за новите имиња на МАНУ и АРМ.

Кратенките најверојатно ќе останат какви што се, но се договара долгиот и целосен назив. Од владата велат дека северномакедонски, или северномакедонци е погрешно и не треба да се употребува.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни