Технолошкиот развој, компјутерска едукација, критичното мислење и чекорењето со времето, беа само дел од темите за кои се дебатираше во рамките на проектот “Училиштата на 21 век“, поддржан од Британската амбасада, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество.
Министерот за образование и наука, Арбр Адеми, изјави дека овој проект има важна улога во едукацијата на децата.
Сепак, тоа не важи за сите. На теренот и во пракса неколку училишта и во 21 век имаат многу проблеми и дека немаат ниту основни услови за настава.
Меѓу нив е и Основното училиште на село Смесница, општина Зелениково, за кое ТВ21 известуваше пред еден месец. Ова училиште се соочува со елементарни проблеми, како што се недостиг на вода или централно греење. Според жителите, поради тоа што во улиштето нема вода, учениците не можат да ги користат ниту тоалетите изградени од еден донатор и затоа мораат да го користат стариот тоалет, кој нема ниту минимални услови.
„Како што видовте, тоалетот е изграден но не може да се користи поради тоа што нема вода. Водата е елементарно нешто, но без вода џабе се изградени и затоа учениците одат во стариот тоалет“, изјави жител на село Смесница.
И многу други училишта се во ваква состојба. Но, на денешната дискусија, Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, рече дека овој проект се реализира со цел младите да стекнат искуство за полесно вработување во иднина.
Овој проект е наменет за технолошки развој во основните училишта, а од сите училишта кои се натпреваруваа, немаше ниту едно албанско училиште.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ