Македонија

Скопски гимназии повторно мета на дојави за бомби

Скопски гимназии повторно мета на дојави за бомби

Околу 15 часот денеска во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ повторно стигнале нови дојави за поставени бомби. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдија ученици од гимназиите.

Како што ни кажаа тие, брзо била извршена евакуација, а полицијата ќе врши проверка.

Вчера имаше лажни дојави во дури 19 училишта низ земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни