Македонија

Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен на мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен на мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа. По завршувањето на сервисно – ремонтни активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет.

РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор.

Како што во повеќе наврати известивме, годинава заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни