Македонија

Македонците се среќни песимисти

Македонците се среќни песимисти

Македонците очекуваат тешка 2023 година со многу економски тешкотии но и покрај тоа, мнозинството граѓани генерално се чувствуваат среќно, покажува најновата глобална анкета која ја спроведе Галуп Интернешнл.

Според неа 80% од граѓаните очекуваат 2023 да биде полоша или иста како претходната година а 57% од граѓаните очекуваат економски потешкотии. Сепак на личен план мнозинството се чувствуваат среќно. 5% рекле дека се многу среќни а 44% дека се среќн. Несреќни и многу несреќни се чувствуваат 13% од граѓаните. Резултатите се личната среќа се на нивото на другите држави.

И покрај тоа што се загрижени за иднината и економијата, 54% од луѓето во САД изјавуваат дека се прилично среќни, а како несреќни се чувствуваат 16%. Во Русија 44% од испитаниците се сметаат себеси за среќни личности, а 14% велат дека не се задоволни од својот живот.

Како што посочуваат резултатите, најоптимистични за иднината се луѓето во Нигерија, Пакистан, Казахстан, Филипини и Индија. На крајот од оваа година топ 5-те песимистички земји се европски, Полска, Чешка, Србија, Франција и Италија.

Истражувањето на Галуп Интернејшенел е традиција која од 1977 се спроведува секоја година. Оваа година се спроведе во 34 земји во светот во периодот од октомври декември 2022 година при што биле интервјуирани вкупно 35.664 лица. Во земјава БРИМА го спроведе истражувањето со теренска анкета на репрезентативен примерок од 1206 испитаници во првата половина на декември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни