Свет

Над 100 свештеници и верски личности се киднапирани или убиени во 2022 година

Над 100 свештеници и верски личности се киднапирани или убиени во 2022 година

Повеќе од 100 католички свештеници и членови на религиозни редови биле киднапирани, уапсени или убиени во 2022 година.

Најмалку 12 свештеници и пет калуѓерки ги загубија животите на насилни начини, а 42 свештеници и девет калуѓерки се киднапирани, соопшти денеска во Минхен католичката организација, додавајќи дека најмалку 32 мажи и девет жени биле уапсени или приведени додека извршувале активности за Црквата.

Тројца од киднапираните свештеници се уште се водат како исчезнати, меѓу нив и Германецот Ханс-Јоаким Лоре, киднапиран во Мали во ноември.

Оваа година беше особено опасна за членовите на свештенството во Нигерија, каде беа убиени седум свештеници, а 35 мажи и жени кои служеа на Католичката црква беа киднапирани. Повеќето се ослободени, но двајца се уште се водат како исчезнати.

Според извештајот на католичката организација, во Демократска Република Конго биле убиени двајца свештеници и една калуѓерка. Во Мексико, членови на нарко-картели убиле тројца свештеници, а во Јужен Судан две калуѓерки.

Најмалку 32 претставници на свештенството биле испратени во затвор во 2022 година под обвинение против нивните активности, објави „Помош за црквата во потреба“, повикувајќи се на „еден од најновите случаи во кој се вклучени четворица свештеници од украинската грчко-католичка црква кои работат во руската окупација делови од Украина“.

Ситуацијата во Никарагва, каде владата зазема цврст став против Католичката црква, е исто така многу вознемирувачка. Таму беа уапсени 11 свештеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни