Вчера била одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која биле разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата била донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,50% на 2,25%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 13 март e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти.