„Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина“, напиша на Фејсбук, азилантот – Никола Груевски.
Тој додава дека можел само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.
Во остатокот од обраќањето тој додва:
И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.
Истите судии во истиот период.
Самиот Заев две недели однапред во изјава објави дека судот ќе ме прогласи за виновен, а него за невин.
Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп.