Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

И Путин ја напушти шемата за плаќање во рубли за рускиот гас

И Путин ја напушти шемата за плаќање во рубли за рускиот гас

Странските купувачи на руски гас кои одбија да се префрлат на нов платежен систем со автоматска конверзија на плаќањата во рубли, ќе можат да ги отплатат своите обврски во договорната валута , пренесе ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин на 30 декември потпиша указ за измена на уредбата од 31 март „За посебната процедура за исполнување на обврските на странските купувачи кон руските добавувачи на природен гас“. Документот е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Указот на Путин доаѓа осум месеци откако Газпром го прекина снабдувањето со Бугарија поради одбивањето да плати во рубљи и еден ден пред истекот на договорот за снабдување на руската компанија.

Како што е соопштено, плаќањето за рускиот гасовод испорачан по 1 април на странски партнери од непријателски земји мора да се врши исклучиво во рубли. За таа цел, во Газпромбанк се отвораат посебни сметки за рубља и девизни „К“ за странски купувачи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни