Руските претставници соопштија дека 3.000 цивили загинале за време на опсадата на украинскиот град Мариупол, јави ДПА, истакнувајќи дека ова се први такви податоци што ги објавува Москва.
Според Истражниот комитет на Руската Федерација, штетата предизвикана на градот за време на долгата опсада изнесува 176 милијарди рубљи (2,4 милијарди долари).
Москва го обвинува Киев за смртта и уништувањето во Мариупол, иако меѓународните организации велат дека руските сили извршиле голем број воени злосторства при заземањето на градот.
Борбите во Мариупол, кој се наоѓа во областа Доњецк, започнаа во февруари и траеја до мај.
Киев соопшти дека артилериското гранатирање и хуманитарната катастрофа во градот ги однеле животите на десетици илјади цивили. Европската унија и Обединетите нации, исто така, ја обвинија Москва дека извршила воени злосторства при заземањето на Мариупол.
Сепак, Москва ги обвинува украинските бранители на градот. Рускиот истражен комитет, на чело со Александар Бастрикин, кој е близок доверлив човек на претседателот Владимир Путин, соопшти дека три илјади цивили биле убиени од украински војници.
Масовното уништување на цивилната инфраструктура е единствено поради тоа што украинските сили ја користеле за воени цели, тврди Истражниот комитет.