На руската армија ќе и требаат најмалку пет години за да се опорави од војната во Украина, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
„Според разузнавачките податоци на НАТО, Русите изгубиле многу тенкови, артилерија, оклопни транспортери и војници“, изјави Резников за украинскиот весник „Украинска правда“.
„Редовните вооружени сили на Руската Федерација ќе бидат обновени најрано за пет години“, посочи украинскиот министер, истакнувајќи дека истото важи и за руските ракетни резерви.
Впрочем, ова е војна на ресурси и НАТО може да ги пресмета овие ресурси, нагласи Резников.