Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

Излета автобус на аеродромот во Техеран, има жртва и десетици повредени

Излета автобус на аеродромот во Техеран, има жртва и десетици повредени

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени кога два автобуса се судрија на главниот меѓународен аеродром во Иран во близина на главниот град Техеран, објавија државните медиуми.

„За жал, имавме еден смртен случај во овој инцидент“, изјави полициски службеник на меѓународниот аеродром Имам Хомеини за државната телевизија. „Во инцидентот се повредени над 30 лица“, соопшти државната телевизија, без да ја прецизира нивната националност. Полицискиот претставник рече дека 11 од нив се „тешко повредени“.

Аеродромот Имам Хомеини е главниот меѓународен аеродром во Техеран, кој се наоѓа на околу 30 километри југозападно од главниот град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни