Македонија

Ранет вработен на бензинска пумпа на патот Бујковци – Миладиновци

На 12.03.2019 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С., вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал. На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот  приведено е едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни