Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

Зеленски во новогодишното обраќање предвидува победа против Русија

Зеленски во новогодишното обраќање предвидува победа против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање рече дека очекува Украина да победи во војната со Русија во новата година, пренесе Ројтерс. Според него, победата нема да се постигне со чуда, туку со напорна работа и помош на странски партнери.

„Денес има само една желба. И таа ќе се оствари не со чудо, туку со нашата работа, нашата борба, взаемна помош и хуманост“, изјави тој. „Среќна Нова Година! Годината на нашата победа“, рече и украинскиот претседател.

Зеленски ги спомена и повторените руски напади кои го нарушуваат системот за производство на електрична енергија во Украина. „Сакате светлина? Таа е во секој од нас, дури и да нема струја“, објасни шефот на украинската држава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни