Свет

Од денеска во Франција кондомите се бесплатни за сите до 25 години

Од денеска во Франција кондомите се бесплатни за сите до 25 години

Кондомите за млади Французи до 25 години отсега се бесплатни во сите аптеки низ земјата, јавува ДПА и додава дека владата на претседателот Емануел Макрон смета дека тоа е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Макрон го претстави планот на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа девојчињата до 18 години. Со иницијативата за кондоми, Макрон се обидува да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.

Во врска со сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“. „Треба подобро да ги едуцираме наставниците во таа област, треба повторно да ги сензибилизираме“, рече Макрон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни