Македонија

Во штипската болница се роди здраво машко бебе

Во штипската болница се роди здраво машко бебе

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев доцна попладнево ги посетија Марко и неговата мајка Александра. Марко е роден утринава во 8.20 часот, со тежина од три килограми и 300 грама и е долго 50 сантиметри.

Директорот на болницата, Ѓеорѓијев вели дека првото новороденче е син на нивен колега од Пробиштип, кој е вработен во Клиничка болница-Штип и во моментов е на специјализација по максилофацијална хирургија. Семејството Митевски ќе остане да живее во Штип, со што младиот Марко ќе биде жител на Општина Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека оваа година ќе биде машка и со низа на проекти. Тој им посака среќа, здравје, бериќет во Новата година на семејството Митевски и воедно им врачи пригодни подароци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни