Три деца на 5 годишна возраст, од градинката “Снежана“, општина Чаир, се инфицирани од бактеријата МРСА. Тие во моментов се на домашно лекување.
Прегледани се 36 деца од градинката “Снежана“, при што е констатирано дека 3 деца се инфицирани со бактеријата МРСА, која се појавува поради не одржување на хигиена и честото консумирање на антибиотици. Директорката на градинката „Снежана“ не сакаше да даде изјава, но ни рече дека од истата бактерија не е инфициран ниту еден од воспитувачите.
Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, рече дека нема нови случаи со деца инфицирани од оваа бактерија. Според него МРСА не е смртоносна, но сепак претставува опасност за бебињата.
„Овие раце доколку не се миени често во текот на денот може со самото поздравување, чепкање нос, дување нос, да пренесете освен оваа бактерија и одредена количина и на други бактерии, па и вируси“, вели Караџовски.
Од Влада информираат дека нема да се затвори градинката „Снежана“ ниту некое основно училиште во Скопје.
Од Институтот за јавно здравје велат дека направена е дезинфекција и механичко чистење на просториите на градинката „Снежана“. Инаку во училиштето „Панајот Гиновски“, општина Бутел, оваа бактерија се појави пред еден месец кај учениците, но земените брисови од другите ученици биле негативни.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ