Македонија

Катица Јанева: Знам дека ме следат…

Во интервју за 1ТВ, Катица Јанева рече дека е следена, и дека тоа не ја оптоварува, бидејќи има обезбедување. Исто така истакна дека прислушувањето е намалено.

„Знам дека ме следат тоа е многу приметно. Но тоа не ме оптоварува“, изјави Јанева.

Таа истакна дека сака Никола Груевски да се врати како затвореник, и смета дека тоа можеби многу брзо ќе се случи.

Откри дека околу случајот „Империја“ е проширена истрагата, и доказ за тоа е патот на парите. Рече дека прислушувањето го вршел поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

„Повеќе од јасно е дека Мијалков го вршел прислушувањето. Мислам дека утре на распит ќе биде Ѕвонко Костовски и ќе објасни како се одземени разговорите кои сега се во наша сопственост и како тој ги одзел од УБК“, додаде Јанева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни