Македонија

Заеднички граничен премин со Албанија, Рама: Проодни граници, како тие меѓу ЕУ

Границата помеѓу Северна Македонија и Албанија наскоро со еден граничен премин. Олеснувањето на протокот на производи, но и луѓе, ќе биде тема на дискусија на заедничката владина средба, која, како што најави Заев, ќе се одржи ова лето, по претседателските избори.

-Едно од прашањето кое ќе се дискутира е отворањето на “One stop shop”, односно заеднички граничен премин кај Ќафасан каде барем ќе се преполови времето на чекање за лица и стоки меѓу двете земји за што сега се чека долго, тоа ни е должност да го овозможиме. Што се однесува до овие институции, подразбира само една контрола, нема да се минува низ две контроли, истото ќе важи и за стоките и ова е чекор напред пред унапредување на слободата за движењето што Берлинскиот процес сака да го постигне од 6 земји на Западен Балкан.-рече Заев.

Шенгенот меѓу Албанија и Косово е лошо сфатен, рече премиерот Еди Рама, додавајќи дека создавањето на заедничка економска зона меѓу земјите од Западен Балкан е технички сложен процес, но стратешки неопходен.

-Како што дискутиравме, ние го почнавме процесот со Косово, за жал лошо сфатен кога зборуваме за Шенген модел, но за нас е само почеток на еден процес што треба да се спроведе во целиот регион и ние сите имаме желба и волја да го материјализираме, пред се со нашите соседи. Границите меѓу нашите земји треба да бидат флуидни како што се меѓу земјите од ЕУ. Доколку тоа треба да го направиме кога ќе станеме членки на ЕУ, со сите земји од ЕУ, никој не не спречува да го направиме меѓу нас денес, не утре.-вели Рама.

Трговската размена меѓу Северна Македонија и Албанија има пораст од 11% во 2018 година, изјави Рама, додавајќи дека односите меѓу двете земји никогаш не биле подобри, попродуктивни и поветувачки од денес. Албанскиот премиер, Преспанскиот договор го нарече величествен, а го поздрави и законот за јазиците, чие усвојување и спроведување според него се причина за уште поголемо зајакнување на односите меѓу двете земји. Рама додаде дека и Албанија има волја да се заземе за македонското малцинство во Албанија. Премиерот Заев од друга страна рече дека фокусот на двете земји е насочен кон месец јуни оваа години, месец кога Северна Македонија како и Албанија, очекуваат датум за отворање на пристапните преговори за ЕУ. Очекувањата на Заев се дека до крај на оваа година земјава ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни