Македонија

Хазби Лика го прашува ДУИ: Зошто го „закопувате“ Охридскиот договор?

Иницијативата на ДУИ за преименување на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот  договор, предизвика реакции од вицепремиерот Хазби Лика. Тој се противи на укинувањето на одделот со кој тој раководи. Лика вели дека не е известен за такво нешто и дека Охридскиот договор се уште не е спроведен во целост.

-Јас како претставник на ДУИ, во Владата на Република Северна Македонија, на задача Вицепремиер за спроведување на Рамковниот Договор и политички систем, не сум информиран, ниту консултиран за иницијативата, ниту за составувањето на овој закон, алудирајќи на надлежностите кои ги носи новата институција која ќе се основа, и поврзаноста која ќе ја има со Рамковниот Договор.

Вицепремиерот Лика, напиша дека на последната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побарал да се отвори дебата за преименувањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем.

За Лика зборуваше неговиот шеф, премиерот Заев. Тој во декември минатата година рече дека не е задоволен од неговата работа.

На иницијатива на пратениците на ДУИ, членовите на Комисијата за политички систем меѓу заедниците, пред еден ден ја изгласаа потребата за усвојување на законот во прво читање, за Секретаријатот за имплементација на Охридскиот договор да стане Министерство за политички систем и односи меѓу  Етничките заедници.

Засега не се знае кој ќе раководи со ова министерство.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни