Македонија

Формирани работните групи, Законот за СЈО ќе се усогласува со правни експерти

Деновиве треба да се одржи првата средба на работните групи кои ќе го усогласуваат новиот Закон за Јавното обвинителство. Работата ќе се одвива на партиско ниво но, како што неофицијално дознаваме во нив ќе учествуваат и независни правни експерти. Информацијата за формирањето групи ја потврдија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Работните групи начелно се оформени така да, утврдени се сетот приоритетни закони од страна на Владата, тоа се законот за Специјалното јавно обвинителство и Агенцијата за национална безбедност. Очекуваме во наредниот период да се состанат групите. Нашите ставови се познати по двете прашања, односно познати се за Специјалното јавно обвинителство и Агенцијата за национална безбедност, така што сега Владата е на потег која што треба да влезе во преговорите и да ги сослуша нашите ставови – изјави портпаролот Арсовски.

Партиски извори од СДСМ брифираат дека нивната работна група ќе ја предводи министерката за правда Рената Дескоска. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакнува дека работните групи најверојатно ќе се сретнат деновиве, но целосните информации ќе ги дадат партиите.

-Тие работни групи нема да бидат само парламентарни, ќе бидат работни составени и од експерти, што значи тие ќе дадат точна прецизна информација дали веќе се состанале кога се состанале дали разговарале и така натаму. Координацијата ќе се одвива на ниво на партија-вели Бошњаковски.

Во меѓувреме неколку граѓански организации реагираа за начинот на кој се одвива носењето на новиот закон за Јавно обвинителство. Во заедничкото соопштение, Хелсиншкиот комитет, коалицијата Сите за правично судење, Институтот за човекови права, Фондацијата отворено општество, Македонското здружение на млади правници како и Центарот за правни истражувања и анализи реагираат на нетранспарентноста на процесот во подготвувањето на законот и бараат да се повлече законот.

„Ја користиме оваа можност да укажеме дека понуденото решение за понатамошното постоење, функционирање и надлежност на СЈО е спротивно на целите поради кои беше воопшто основано ова обвинителство. Ограничувањето на можноста т.н. „бомби“, да се користат како доказ, го наметнува прашањето, пред сè: Која е суштината на постоењето на СЈО ако бомбите не може да се користат како доказ?

Новиот Закон за јавното обвинителство според Владата е клучно за добивање датум за преговори и очекува тој да биде донесен пред стартот на кампањата за претседателските избори.

РЕПОРТЕР: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни