Македонија

„Дрисла“ во владение на Град Скопје, дали новиот „Шолц“ ќе биде стариот „Амбиенте“?

Градоначалникот на Град Скопје даде налог  на градската администрација да започне постапката за превземање на владението и управување со  „Дрисла“ од страна на Град Скопје се до мај кога би требало  да се  донесе  одлука за новиот концесионер.

-Јас компромис нема да правам со никого кога е во прашање „Дрисла“, животната средина и здравјето на Скопјани. Нашата одлука нашата препорака до Советот за носење одлука  е „Шолц“ да биде новиот партнер на градот за периодот за кој се издава концесијата – рече Шилегов.

Но, она што предизвика негативни реакции околу изборот на новата фирма е што освен германската компанија која е носител, ќе учествува и хрватската фирма „Ц.И.О.С. доо“. Драгана Велковска советник од „Левица“ во советот на Град Скопје  и еколошки активист вели дека ќе бара  да се повлече одлуката и повторно да почне тендерската постапка за избор на концесионер кој ќе раководи со депонијата „Дрисла“, за да не се повтори грешката.

-Во Хрватска, конкретно лицето претседавач на Управниот одбор на хрватската фирма, е уапсено за злоупотреба на финансии, злосторничко здружување, за никакво постапување со отпадот и покрај сите шанси што им биле дадени, изјави Велковска.

Италијанскиот концесионер кој си оди од „Дрисла “ според договорот потпишан во 2012 –та година требало да инвестира 60 милиони евра во депонијата, но тоа останало само на хартија. За возврат концесионерот придонесе за зголемување на загадувањето. Шилегов се пофали дека „Дрисла“ остварила добивка откако тој е градоначалник, а претходно работела со загуба.

РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни