Од ноември до 13 февруари шестмина бубрежно болни добија нов бубрег од починат донор. Ова го соопшти националниот координатор за трансплатација д-р Маја Мојсова – Мијовска на прес-конференцијата по повод светскиот дн на бубрегот 14 март.
„Во овој период се извршени 20 трансплатации и од жив дарител, и со ова на пациентите им е обезбеден поквалитетен живот“, изјави Мијовска.
„Последната трансплатација беше направена на 13 февруари, и се поклопи со несреќата во Ласкарци. Вработените во КАРИЛ работеше и на трансплатацијата и на помош на повредените. Уште еднаш да им се заблагодарам на семејствата на дарителите“, рече д-р Мојсова.
Д-р Ирена Бушлетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија, истакна дека и годинава се вклучуваат во Светската кампања за превенција на бубрежните болести и дека годинава мотото е „Здрави бубрези за сите“, со која треба да се укаже на потребата од раната превенција на болестите на бубрезите.